Трамп: САД испратија премногу оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ѝ дадоа на Украина премногу оружје и муниција што и на самите им требаат, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Loading...

– Испративме толку многу опрема, а сега немаме доволно муниција ни за нас. Даваме премногу – рече тој за време на средбата со гласачите во директен пренос на Си-Ен-Ен.

На прашањето дали сака да победи Киев, Трамп одговори дека не размислува за „категоријата победници и губитници“.

– Сакам сите да престанат да умираат, и Русите и Украинците – рече тој.

Во исто време, поранешниот американски претседател не зборуваше за улогата на рускиот претседател Владимир Путин во светло на актуелните настани, велејќи дека коментирањето во овој момент може само да го отежне решавањето на ситуацијата во Украина.

Тој ја повтори и изјавата дека доколку биде реизбран ќе го реши конфликтот во рок од 24 часа.

Претходно на митингот на неговите приврзаници во Флорида, Трамп рече дека САД треба да престанат да трошат милијарди долари за поддршка на властите во Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...