Товарен брод на пат од Украина заглавен во Босфор: Нема штета

Сподели со своите пријатели

Товарниот брод МКК 1, кој отплови од Украина за Турција, во понеделникот се насука во Босфорот и сообраќајот во тој теснец беше запрен, но нема извештаи за штета, соопштија агенти на бродската агенција Трибека.

Loading...

Неколку реморкери беа испратени за да му помогнат на товарниот брод долг 142 метри, соопшти Канцеларијата на пристаништата во Истанбул.

Телевизиските снимки покажаа брод со 13.000 тони грашок насукан на азиската страна на Босфорот.

Инцидентот се случил во близина на Умурјери помеѓу вториот и третиот мост на Босфорот.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот спонзориран од ОН за извоз на жито од Украина, во текот на викендот соопшти дека бродот тргнал од украинското црноморско пристаниште Пивденџи за турското медитеранско пристаниште Мерсин.

Трибека рече дека бродот под знамето на Палау се насука на северната страна на теснецот рано наутро во понеделникот. Нема информации за причинета штета.

Договорот склучен меѓу Украина и Русија, со посредство на Турција и ОН во јули, помогна да се транспортираат милиони тони жито и други земјоделски производи од украинските пристаништа.

Тој договор за извоз на жито од пристаништата на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната прехранбена криза продлабочена со војната во Украина, која е еден од најголемите светски извозници на жито и нафта.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.