Тешко повредните работници од Куманово на апарати за дишење

Сподели со своите пријатели

Двајца од десетте градежни работници кои беа повредени утринава при извршување градежни зафати во населбата Гоце Делчев во Куманово, се ставени на апарати за дишење на КАРИЛ и не се во контактибилна состојба.

Loading...

-Двајцата пациенти се примени и згрижени. Приклучени се на апарати за дишење. Не се свесни. Во тек се анализи за степенот и карактерот на повредите. Се вршат сите потребни анализи и испитувања, изјави директорката на Карил, др. Маја Мојсова за Телма.

Според неофицијални информации од кумановската болница, уште други двајца работници попладнево со тешки искршеници се испратени на скоспките клиники, но нивната состојба е стабилна.

На останатите повредени работници им се пружа помош во кумановската болница.

Од СВР Куманово ја потврдија информацијата, а повеќе детали најавуваат по завршување на увидот на нивните екипи.

Leave a Reply