10 градежни работници повредени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет работници се повредени додека вршеле граежни активности на зграда во кумановската населба Гоце Делчев, поточно на улиците „Васко Карангеловски“ и „АВНОЈ“.

Loading...

Повредените работници, како што информираат од Општа болница Куманово се пренесени во Ургентниот центар и двајца од нив со тешки телесни повреди се префрлени на скопските клиники.

На останатите повредени работници им се пружа помош во кумановската болница.

Од СВР Куманово ја потврдија информацијата, а повеќе детали најавуваат по завршување на увидот на нивните екипи.

Leave a Reply