Тешко повреден 43-годишен пешак во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен пешак во Куманово се здобил со тешки повреди откако во него удрило возило управувано од жител на селото Никуљане.

Loading...

– На 01.02.2023 во 14.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(51) од селото Никуљане, општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот Д.Ѓ.(43) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Никола Ивановски