Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Loading...

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денска ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу  степени, а максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 5, до максимални 25 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна седмица.

Никола Ивановски