Телеграм наскоро ќе има над милијарда корисници

Сподели со своите пријатели

Апликацијата за пораки Телеграм, една од најпопуларните социјални платформи, ќе надмине една милијарда месечни активни корисници во рок од една година бидејќи „се шири како шумски пожар“, најави нејзиниот основач милијардерот Павел Дуров.

Loading...

Телеграм, со седиште во Дубаи, беше лансиран од рускиот претприемач кој ја напушти својата земја во 2014 година, откако ги игнорираше барањата за затворање на опозициските групи на социјалната мрежа VK што ја продаваше, потсетува Ројтерс.

Форбс проценува дека Дуров собрал богатство вредно 15,5 милијарди американски долари.

Дуров признава дека некои влади се обиделе да му вршат притисок, но тврди дека апликацијата, која сега има речиси 900 милиони активни корисници, треба да остане неутрална, а не „некој играч во геополитиката“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа стои превртена на кровот и пркоси на гравитацијата: Магнет за туристи (ВИДЕО)

Еден од неговите главни ривали, WhatsApp, кој е во сопственост на Мета, има повеќе од две милијарди активни корисници.

Фајненшл тајмс неодамна напиша дека Телеграм, откако компанијата ќе достигне профитабилност, најверојатно ќе биде котирана на американската берза.

Особено популарен на територијата на поранешниот СССР

Телеграм, која е особено присутна во републиките на поранешниот Советски Сојуз, е една од најважните социјални мрежи по Facebook, YouTube, Instagram, TikTok и WeChat.

Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Телеграм стана главен извор на нецензурирана, а понекогаш и експлицитна и погрешна содржина од двете страни за војната и политиката поврзана со тој конфликт.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

Дуров дошол на идеја за шифрирана апликација за пораки како средство за комуникација додека бил под притисок во Русија.

Енкрипцијата ја измислил неговиот помлад брат Николај.

Тој ја напушти Русија затоа што не сакаше да прима наредби од ниту една влада и ги отфрла тврдењата дека официјална Москва го контролира Телеграм.

Тие, рече Дуров, се лаги што ги шири конкуренцијата, пренесе Хина.