Куќа стои превртена на кровот и пркоси на гравитацијата: Магнет за туристи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога новинарот Алем Ровчанин се движел по автопатот меѓу Вирцбург и Ашафененбург во Германија, се зачудил кога видел куќа целосно превртена наопаку покрај главниот пат.

Loading...

Изгледа нереално, но не се последици од некое невреме, туку ентузијастите од оваа земја решиле да направат специфична туристичка атракција и успеале.

Куќата наопаку привлекува големо внимание кај возачите и туристите.

– Кога за прв пат видов ваква куќа се изненадив, но кога се приближив видов дека се работи за добро дизајниран туристички комплекс. За да биде целосно автентично се во таа куќа е ставено и наопаку. Од мебел, па сè до автомобил кој исто така е паркиран против силата на гравитацијата на самиот врв, вели Алем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Важела за најгрда жена на светот, но од тоа заработила цело богатство

Куќата има два ката и двор, а во неа има и кафуле каде туристите можат да се одморат и да се напијат.

Исто така, во уникатна средина бидејќи се е наопаку.

– Како да си влегол во друга димензија, не можеш да се ориентираш во просторот. Дефинитивно одлично искуство и благодарност за идејата. Креаторите на овој комплекс размислувале за секој детал, па автомобилот може да тргне и да испушта чад, но сепак не може да се движи, додаде Алем.

За се да биде автентично, во куќата биле сместени членови на имагинарното семејство Топелс, а во просториите стојат и наопаку.

Loading...

Судејќи според интересот на посетителите, оваа куќа во Германија е вистинска туристичка атракција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро и никој да не знае дека оваа жена ја измислила Wi-Fi конекцијата

 

https://youtu.be/vdcEbd5oaak