ТЕХНОЛОГИЈА И СУДСТВО: Осуден на смрт преку Zoom

Сподели со своите пријатели

Исрекување казна преку Skype или FaceTime не е нова појава. Тоа е резултат на долгогодишна подготовка на судиите кои веруваат дека можат да заштедат време и пари со прилагодување на судовите на новата технологија, избегнувајќи пренесување на обвинетите во судницата.

Loading...

Низата извештаи на судиите го отворија патот за главните елементи на судењето, наречени системи на „живи врски“. Со пандемијата и мерките на социјално дистанцирање, овој начин на казнување стана доста изразен.

Zoom надмина 300 милиони корисници

Иако овој метод на казнување се смета за финансиски поисплатлив, а сега, во времето на пандемијата, тоа е дури и неопходно, оваа судска одлука ја шокираше светската јавност.

Пунитан Генасан од Сингапур, беше осуден на смртна казна преку повик упатен во платформата Zoom, за трговија со дрога преку посредници уште во 2011 година.

Количината на хероин со кој тој наводно тргувал е 28,5 грама, а Генасан се изјасни за невин на суд за делото за кое се товари, негирајќи дека ги познавал посредниците вклучени во случајот.

Facebook со алтернатива му стана конкурент на Zoom

Организациите за човекови права се револтираа, изјавувајќи дека смртните казни се често погрешни и дека загрижува фактот што судот сакал да го забрза процесот и да донесе пресуда преку платформата „Zoom“, пренесува „Гардијан“.

Loading...

Ова дополнително го поставува прашањето дали треба да се имплементираат нови технологии во судскиот систем.

Во врска со овој случај биле контактирани претставници од Zoom, според „Гардијан“, но досега тие не одговориле на поканата за коментар за случајот.

Leave a Reply