Војна во Украина (Page 656)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави за Ројтерс дека украинските сили ја туркаат руската армија североисточно и северозападно од главниот град Киев. Loading… Но, руските сили сега се обидуваат да го опколат Чернихив, град во северна Украина, рече советникот на Зеленски.   Британија: Русија ги повлекуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германското Министерство за одбрана одобри испорачување на Украина на неколку десетици пешадиски и борбени возила, кои некогаш ѝ припаѓале на поранешна Источна Германија, јавуваат германските медиуми. Loading… Станува збор за 58 возила од типот PbV-501, кои се вооружени со топови и митралези, соопшти денеска „Велт ам Зонтаг“.   Британија: РусијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Полициската агенција на ЕУ (Европол) денеска објави дека испратила тимови во земјите кои граничат со Украина во обид да ги заштити бегалците и да спречи влез на криминалци и терористи во Унијата. Loading… Агенцијата со седиште во Хаг соопшти дека нејзините тимови ги поддржуваат локалните власти со спроведување секундарни безбедносниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Околу 2.000 цивили се качија на автобуси за евакуација кои превезуваа луѓе од крајбрежниот град Бердјанск до Запорожје, град под контрола на Украина. Во автобусите се цивили од опколениот и разурнат град Мариупол. Loading…   Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина   „КонвојотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко, изјави дека руските сили со гранатирање ја уништиле Онкологијата во тој украински град, само неколку дена откако Русија објави дека драстично ќе го намали интензитетот на воените активности околу Киев и Чернихив, пренесува Си-Ен-Ен. Loading… „Некои гранати директно ја погодија регионалната болница. Една од зградитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Нова експлозија одекна околу 13 часот по московско време во рускиот град Белгород, каде рано денеска, според локалните власти, украинските сили погодиле складиште за нафта, јавува Ројтерс, повикувајќи се на очевидци. Loading… Утринава гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков соопшти дека дошло до пожар во складиштето за нафта, како последицаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко денеска разговарале телефонски, пренесе агенцијата Белта. Loading… Рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор го информирал својот белоруски колега Александар Лукашенко за текот на руската воена операција во Украина и дал оценка за преговорите меѓу руските и украинскитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Мнозинството Руси, 79 отсто, ги одобруваат активностите на претседателот Владимир Путин, а речиси 81 отсто му веруваат, покажуваат резултатите од анкетата спроведена денеска од Свердловскиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ). Loading… На прашањето дали ги одобруваат или не активностите на претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека гиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Миколаев, Виталиј Ким изјави дека е потврдено дека во рускиот напад на зградата на регионалната управа во тој град на југот на Украина загинале 28 лица. Loading…   Како се живее во Русија по острите санкции воведени од Западот?   Нападот се случи во вторникот во 08:45 часотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа, бидејќи плаќањата за испорачаниот гас ќе пристигнат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Loading… Тој на прес-конференцијата рече дека е неповратен декрет на претседателот Владимир Путин да се плаќаПрочитај повеќе