Бројот на загинати во рускиот напад врз Миколаев се искачи на 28, соопшти Украина

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Миколаев, Виталиј Ким изјави дека е потврдено дека во рускиот напад на зградата на регионалната управа во тој град на југот на Украина загинале 28 лица.

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

Нападот се случи во вторникот во 08:45 часот по локално време, кога ракета проби дупка во деветкатница на владата. Уништена е и канцеларијата на гувернерот Ким, кој рече дека не е убиен затоа што заспал na работа.

Властите со денови трагаат по преживеани во урнатините.