Нова експлозија во рускиот град Белгород, Украина не потврди, но и не негираше вмешаност (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Нова експлозија одекна околу 13 часот по московско време во рускиот град Белгород, каде рано денеска, според локалните власти, украинските сили погодиле складиште за нафта, јавува Ројтерс, повикувајќи се на очевидци.

Loading...

Утринава гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков соопшти дека дошло до пожар во складиштето за нафта, како последица на нападот на два украински хеликоптери кои на мала височина влегле во рускиот воздушен простор.

 

 

Според портпаролот на итната помош, пожарот на три од шесте цистерни со дизел гориво и бензин во меѓувреме е изгаснат.

Засега нема информации за жртви во инцидентот.

 

Loading...

Бројот на загинати во рускиот напад врз Миколаев се искачи на 28, соопшти Украина

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 23 лица се повредени во делот на Херсонската област под руска контрола

Од околните куќи биле евакуирани 43 лица, а во гаснењето на пожарот учествувал и хеликоптер Ми-8.

Кулеба не може да потврди вмешаност на Украина во нападот во Белгород

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба денеска изјави дека не може да ја потврди или негира вмешаноста на Украина во нападот на складиштето за гориво во рускиот градБелгород.

 

 

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање, Кулеба рече дека не може ниту да го потврди ниту да го отфрли тврдењето дека Украина е вмешана во нападот во Белгород, бидејќи ги нема сите воени информации, пренесе Ројтерс.