Рекордни 2.000 цивили бегаат од Мариупол со автобуси, соопшти Украина

Сподели со своите пријатели

Околу 2.000 цивили се качија на автобуси за евакуација кои превезуваа луѓе од крајбрежниот град Бердјанск до Запорожје, град под контрола на Украина. Во автобусите се цивили од опколениот и разурнат град Мариупол.

Loading...

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

„Конвојот тргна од Бердјанск за Запорожје“, соопшти денеска на Телеграм Градскиот совет на Мариупол.

„Многу приватни возила се приклучија на колоната од 42 автобуси. Конвојот е придружуван од персоналот на Црвениот крст и вработените во државната служба за вонредни состојби. Очекуваме денеска да бидат евакуирани рекорден број граѓани од Мариупол”, соопшти градскиот совет на Мариупол.

Русите со гранатирање го уништија онколошкиот оддел на болницата во Чернихив, вели градоначалникот