Берлин одобри испорака на оружје од поранешна Источна Германија за Украина

Сподели со своите пријатели

Германското Министерство за одбрана одобри испорачување на Украина на неколку десетици пешадиски и борбени возила, кои некогаш ѝ припаѓале на поранешна Источна Германија, јавуваат германските медиуми.

Loading...

Станува збор за 58 возила од типот PbV-501, кои се вооружени со топови и митралези, соопшти денеска „Велт ам Зонтаг“.

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

Весникот додава дека Берлин овие возила и ги предал на Шведска кон крајот на 1990-тите, која подоцна ги продаде на чешка компанија. Компанијата сега има намера да ги продаде на Киев.

Земјите кои имаат намера да извезуваат германско оружје за тоа мора да добијат одобрение од официјален Берлин, потсетува Ројтерс.