Војна во Украина (Page 216)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

person using smartphone

Сподели со своите пријатели

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ХУР) соопшти дека платформата за пораки Телеграм блокирала голем број официјални ботови, вклучително и чет-бот на украинската разузнавачка служба. „Ботовите“ се софтверски апликации програмирани да извршуваат специфични задачи, додека „четботите“, на нивното најосновно ниво, се програми дизајнирани да имитираат разговориПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија може да развие ново оружје благодарение на заробените модели на опрема на НАТО во Украина, пренесува Дефенс ТВ. Според изворот, проучувањето на борбените возила на НАТО како што се германското борбено возило Мардер 1 А3, американското Бредли М2А2 и оклопното борбено возило CV 9040 развиено од Норвешка, Данска иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат за усвојувањето на законот со кој се одобри пакетот помош за Киев во износ од 61 милијарда долари. Зеленски истакна дека со овој потег САД ја потврдиле својата улога на „светилник на демократијата“, пренесува Ројтерс. „Благодарен сум на американскиот СенатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Пекинг решително ги отфрла неоснованите обвинувања на Соединетите Американски Држави во врска со трговската и економската размена на Кина со Русија, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи. „САД продолжуваат да упатуваат неосновани обвинувања за нормалната трговска и економска размена меѓу Кина и Русија, притоа донесувајќи законПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Масивен пакет странска помош лесно помина пред американскиот Конгрес по неколку месеци одложување, отворајќи го патот за нови милијарди долари финансирање за Украина во време кога инвазивните сили на Русија напредуваат, а на Киев му недостасуваат воени резерви. Сенатот гласаше со 79 спрема 18 за да одобри четири нацрт-закони усвоениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни би можел за неколку недели да ја преземе функцијата украински амбасадор во Велика Британија, изјави советникот на началникот на Генералштабот на претседателот на Украина, Михаило Подољак. Тој за ТВ каналот Киев24 изјави дека договор за тоа е веќе постигнат иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина објави дека во петокот за прв пат соборила руски стратешки бомбардер Ту-22М3, уништувајќи го воениот авион што може да носи ракети со долг дострел што се користат за напади на украинските градови, пренесува Ројтерс. Британската агенција наведува дека Министерството за одбрана на Русија соопштило дека стратешкиот бомбардер се урналПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во голем руски ракетен напад врз централниот украински регион Дњепропетровск загинаа најмалку осум лица, повеќе од 25 беа ранети и оштетени клучни инфраструктурни објекти, соопштија локалните власти во петокот наутро, пренесува Ројтерс. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот оштетил неколку ката од станбена зграда и железничка станица во главниотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Полски државјанин е уапсен под обвинение дека му помагал на руското разузнавање во планирањето на убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, според полското и украинското обвинителство. Според соопштението на полското национално обвинителство, мажот по име Павел К е обвинет дека сакал да им пренесе информации за безбедносните процедури на аеродромотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“. – Постои многу реален ризик Украинците да бидат поразени на бојното поле до крајот на 2024 година, или барем Путин даПрочитај повеќе