Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

Сподели со своите пријатели

Пекинг решително ги отфрла неоснованите обвинувања на Соединетите Американски Држави во врска со трговската и економската размена на Кина со Русија, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Loading...

„САД продолжуваат да упатуваат неосновани обвинувања за нормалната трговска и економска размена меѓу Кина и Русија, притоа донесувајќи закон за голема помош за Украина“, рече Ванг на редовниот брифинг со новинарите, коментирајќи ги американските обвинувања и можните санкции во оваа случај, јавува Ксинхуа.

Тој нагласува дека позицијата на Кина за украинското прашање е „фер и објективна“ и дека неговата земја „активно работи“ на мировни преговори и политичко решение на конфликтот.

„Поттикнувањето конфликт додека вината се префрла на други не само што е лицемерно, туку и крајно неодговорно. Кина категорично го отфрла“, рече тој.

Префрлање на вината

Според Ванг, кинеската влада го регулира извозот на предмети со двојна употреба во согласност со законите и прописите.

„Кина не е ниту креатор на украинската криза, ниту страна во конфликтот. Никогаш не го разгоруваме пламенот и не бараме себични интереси и сигурно нема да прифатиме да бидеме жртвено јагне“.

Тој посочува дека врз основа на еднаквост и взаемна корист, правото на Кина да води нормална трговска и економска размена со Русија и другите земји не треба да биде попречено или прекршено.

Ванг верува дека исполнувањето на легитимните безбедносни грижи на сите страни и создавањето балансирана, ефективна и одржлива европска безбедносна архитектура преку дијалог и преговори е вистинскиот пат напред.

Loading...