Столтенберг предложи пакет помош за Украина од 100 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи петгодишен пакет воена помош за Украина во вредност од 100 милијарди евра, со кој Северноатлантската алијанса ќе му даде подиректна поддршка на Киев, потврдија пет неименувани дипломати.

Loading...

Тие наведуваат дека, согласно тој план, НАТО ќе преземе некои координативни обврски од т.н Групацијата Рамштајн, предводена од САД, со цел да го заштити НАТО од какво било намалување на американската поддршка ако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Овој предлог се очекува да биде разгледан за два дена на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО со цел да се создадат услови овој пакет помош да биде усвоен за време на самитот на Северноатлантската алијанса во јули во Вашингтон.

Досега НАТО како организација се ограничи на испраќање несмртоносна помош за Украина поради страв дека подиректна улога може да предизвика ескалација на тензиите со Русија.

Повеќето земји од НАТО ѝ обезбедуваат оружје на Украина на билатерална основа, но неименувани дипломати велат дека постои сè поголем договор во западната воена алијанса дека е дојдено време да се зголеми воената помош за Украина на долгорочна основа, а НАТО е најдобро поставен да преземе над поголемиот дел од таа улога.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.