Спречен обид за криумчарење на брендирана облека и обувки на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Спречен е обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“ во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

– Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 700 илјади денари се откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово, велат од ЦУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско

Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување.

 

Loading...

 

При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени.

– Брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 921.341 денар се откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило, велат од Царинската управа.

Возилото е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени поради напад на жена на булевар во Куманово

Никола Ивановски