Двајца приведени поради напад на жена на булевар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од липковско биле приведени вчеравечер под сомнение дека физички нападнале жена на булевар во Куманово.

Loading...

– На 29.04.2024 во 23.15 чачсот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.С.(26) од село Лојане, липковско и А.Р.(24) од село Отља, липковско, затоа што на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички ја нападнале С.З.(32) од село Никуштак, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски