Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Две лица, од Македонија и Пакистан, биле приведени вчера попладне под сомнение дека криумчареле кинески држјавни низ кумановско.

Loading...

– По преземени мерки и активности, на 29.04.2024 во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал.

– Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово, додаваат од МВР.

По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар.

Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А..

– Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...