Спасовски ја пушти во употреба реконструираната зграда на СВР Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Објектот на Секторот за внатрешни работи Куманово, изграден во далечната 1929 година конечно доби нов лик.

Loading...

 

 

Денеска увид на реконструираната зграда каде е сместана кумановската полиција направи првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој истакна дека ова е 60ти објект кој годинава се реновира, а кој треба да ги подобри условите за работа на службениците, но и за услугите кои ги добиваат граѓаните.

– Денеска од овде од мето Куманово со особено задоволство сакам да информирам дека реновирањето на овој објект во кој е сместен Секторот за внатрешни работи е успешно завршено и со гордост можам да каќам дека ова е 60ти објект на МВР кој како раководство го реновиравме и на тој начин обезбедуваме подобри услови за работа на полициските службеници и подобри услови за добивање на услугите на граѓаните, изјави Спасовски.

 

Loading...

Реновирањето на објектот, како што информираше Спасовски е изведено во пет фази.

– Започна во делот каде сега се сместени во ОКРА, потоа беше целосно завршено реновирањето на Полициската станица Куманово, санација на просториите за приведување и заведување на лица како и изградба на нова пристапна рампа за лица со инвалидитет, а реновирањето беше направено и во делот каде е сместено ФПС Куманово и крим полицијата, рече министерот.

 

 

Со реконструкцијата дотраените дрвени прозорци се заменети со нови ПВЦ, влезните портали, сменета е фасадата, поставна нова инсталација за парно греење, рампи, рефлектори и опрема за видео надзор.

 

Loading...

 

Како што појасни Спасовски, доставен е и проект за гасификација на целиот објект.

 

 

– Проектот за гасификација на СВР Куманово е доставен до Општина Куманово и по добивање на соодветното одобрение целиот објект ќе се грее на гас со што ше дадеме придонес за заштита на животната средина, рече министерот.

 

Loading...

 

Проектот за подобрување на условите и материјално-техничките капацитети започна во 2017 година и досега се реконструирани 60 објекти.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...