SpaceX лансираше уште една серија сателити (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Помалку од една недела откако Crew Dragon и неговиот екипаж се упатија кон Меѓународната вселенска станица, SpaceX ја реактивираше ракетата Falcon 9 за да лансира друга серија сателити Starlink.

Loading...

Уште 60 сателити беа лансирани во вселената на 3 јуни, со цел да се приклучат на констелацијата која се зголемува.

Станува збор за сателити кои се составен дел од проектот, во рамките на кои 12 илјади сателити ќе бидат испратени во орбитата, кои на Земјата ќе ѝ послужат за супер брз интернет.

SpaceX ја прекина руската надмоќ во вселената

И покрај големината на проектот, многу граѓани до неодамна не знаеја за сателитите Старлинк, па за време на претходните лансирања, се веруваше дека тие се вонземски вселенски летала, нешто како летачки чинии.

Компанијата досега испрати нешто повеќе од 480 сателити во орбитата, а во новата серија има еден што се разликува од другите, што има еден вид „чадор“,кој ќе се отвори кога сателитот ќе пристигне на планираната дестинација, а со цел да се блокира светлината што ја емитува Сонцето, а во исто време да се намали количината на светлина што се рефлектира од сателитот.

Ова исто така ќе ја намали видливоста на сателитот, што е еден од проблемите за кои се жалат астрономите уште од почетокот на проектот.

Starship – следниот приоритет на Илон Маск

Loading...

Астрономите ги споредија претходните серии на сателити Starlink со „низа бисери на црна позадина“ и го опишаа проектот како систем што се заканува на набудување на просторот.

Space X претходно објави дека веќе работи со експерти за да се намали количината на светлина што ја испуштаат сателитите, што би требало да го намали влијанието врз астрономијата, додека вестите за движењата на сателитите треба да го намалат стравот од вонземјаните.

Leave a Reply