Starship – следниот приоритет на Илон Маск

Сподели со своите пријатели

По успешното лансирање и спојување на модулот Crew Dragon со Меѓународната вселенска станица (ISS), Илон Маск , основач и сопственик на технолошката компанија SpaceX, најави дека развојот на Starship ќе биде најголем приоритет за компанијата во наредниот период.

Loading...

Најголемата ракета дизајнирана и изградена од SpaceX е наменета за испраќање луѓе на Месечината и Марс, и пошироко, пишува Engadget.

„Ситница“: Илон Маск си заработи нови 775 милиони долари

Маск сака ракетата да биде комплетирана и тестирана што е можно поскоро за да се обезбедат предусловите за нејзино лансирање.

Таа ракета ја претставува иднината на SpaceX.

Развој на вселенскиот туризам

Неговиот успешен развој ќе значи не само напредок во истражувањето на вселената, туку ќе биде и важен чекор во развојот на вселенскиот туризам.

„X Æ A-12 Musk“ е името кое Илон Маск му го даде на своето дете

Loading...

Тоа, пишува PCpress, не значи дека SpaceX ќе ги занемари другите проекти.

Crew Dragon ја исполни својата мисија – ги однесе луѓето на ISS, но сè уште не станува редовна услуга.

До тоахгаш останува уште многу работа и тој проект сигурно нема да биде запрен.

Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

Маск, Јужноафриканец и „high-tech“ магнат кој го оствари своето богатство во Силициумската долина, е извршен директор на Тесла, компанија која прави електрични автомобили и батерии.

Leave a Reply