SpaceX ја прекина руската надмоќ во вселената

Сподели со своите пријатели

Летот на американската приватна компанија SpaceX го означи крајот на монополот – Русите веќе не се единствените кои испраќаат космонаути на Меѓународната вселенска станица, што, сметаат експертите, треба да поттикне преиспитување на вселенската програма на Русија.

Loading...

Новата капсула на „SpaceX“, која полета од Флорида, САД во саботата, слета на Меѓународната вселенска станица (ISS) без потешкотии во неделата по 7 часот попладне.

„Спејс екс“ лансираше нова ракета, а еве зошто таа е посебна (ВИДЕО)

Ова е прва ваква мисија од 2011 година кога Американците престанаа да летаат на ISS и летаа со ракетите на Русија „Сојуз“, побезбедни и поевтини.

Астронаутите на ISS девет години полетуваа од рускиот космодром во Бајконур по тренинзите во Русија и учење на тамошниот јазик.

Вселенската агенција на Русија Роскосмос го „поздрави“ полетувањето на бродот на „SpaceX“, а нејзиниот извршен директор за управувани летови, Сергеј Крикалиов, рече дека „успехот на оваа мисија ќе ни даде нови можности“.

Влегоа во таен руски космодром и ги снимија „спејс шатловите“ кои кријат големи мисии (фото+видео)

„Трамполин функционира“, се пошегува основачот на „СпејсЕкс“, Елон Маск на прес-конференција во неделата, во духовита забелешка упатена до директорот на Роскосмос.

Loading...

Вториот, Дмитриј Рогозин, во 2014 година, во време кога Москва се закануваше дека ќе ја прекине соработката со Вашингтон во вселенската програма, рече дека НАСА би можела да ги испрати своите астронаути на ISS со „трамполина“.

Забелешката на Маск ги запали руските социјални мрежи на кои беа објавени многу „мемиња“ и пораки во кои корисниците го исмеваа Рогозин.

Маск: Луѓето мора да се спојат со машините или ќе станат бескорисни

Поради ваквите реакции, портпаролот на агенцијата рече: „Ние навистина не ја разбираме хистеријата поради успешното лансирање на капсулата „Crew Dragon“, напиша Владимир Устименко на Твитер. „Се случи она што требаше да се случи пред многу време“, рече тој.

Устименко исто така најави дека Русија годинава ќе тестира „две нови ракети“ и дека ќе ја продолжи својата лунарна програма „следната година“.

Роскосмос ѝ наплаќаше на НАСА околу 80 милиони американски долари за секој лет до ISS.

Роскосмос ѝ наплаќаше на НАСА околу 80 милиони американски долари за секој лет до ISS, што му донесе значителни финансиски придобивки.

Маск со предупредување до Америка: Кина трикратно ќе ги надмине САД

Loading...

Ако SpaceX во иднина превезува американски астронаути, „годишната загуба би можела да надмине 200 милиони долари, огромна сума за Роскосмос и за нејзиниот буџет од околу две милијарди“, рече Андреј Јонин, експерт во вселенската академија Цилковски во Москва.

Покрај тоа, летовите на SpaceX би можеле да го поттикнат „будењето“ на вселенскиот сектор на Русија, кој е во „многу полоша форма отколку што признаваат лидерите“, додаде Јонин.

Иако Москва пред десетина години го лансираше најголемиот дел од вселенските летала, тоа не е случај денес, бидејќи тука се кинеските ракети и SpaceX.

SpaceX ја испраќа првата ракета со екипаж во вселената

„Додека го губивме пазарот за лансирање, Роскосмос рече дека сè е добро, затоа што ние сме единствените кои испраќаат луѓе на станицата. Сега, тие го изгубија и тој аргумент“, истакна Јонин.

Секторот продолжува да страда од корупција, за што сведочат скандалите околу изградбата на новиот космодром на Восточки на Далечниот исток на Русија.

Покрај тоа, поради недостаток на пари и реална политичка волја, во него нема иновација. Програмата на Русија е насочена кон усовршување на „советските технологии“, се сеќава Андреј Јонин.

SpaceX лансираше уште 60 Starlink сателити (ВИДЕО)

Loading...

Развој на приватни компании како што е SpaceX кои планираат да го освојат Марс најавува технолошки скок кој тешко ќе се достигне.

За да се одржи Русија во трката, Јонин предлага стратегијата да ја утврди независно тело во кое ќе бидат главните фактори на рускиот вселенски сектор.

„Американскиот претседател Доналд Трамп го обнови Националниот вселенски совет за да ги постави тие политички цели. Ни треба истата работа“, рече Јонин.

Набљудувачите, сепак, забележуваат недостаток на волја на рускиот претседател Владимир Путин, кој е јасно повеќе насочен кон развој на воена сила, особено хиперсонични високо-технолошки ракети.

„Вселенската програма не е единствената што му дозволува на Путин да ја покаже моќта на земјата“, заклучува новинарот кој го следи вселенскиот сектор, Виталиј Јегоров.

Leave a Reply