Сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, едно лице повредено

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка вчера околу 07:45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.И.(22) од Куманово и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(54) од Скопје.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата С.И. се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply