Со текот на годините потешко наоѓаме причина за среќа

Сподели со своите пријатели

Истражувањето спроведено од 2.000 Британци открило дека колку што сме повозрасни, толку потешко би можеле да најдеме причина за да бидеме среќни.

Loading...

Кои се најсреќните нации во светот?

Според резултатите, луѓето се најмалку среќни на возраст од 45 години, а интересно е што само четворица од десет испитаници рекле дека имаат на што да се радуваат во секојдневниот живот.

Еднаков број се согласуваат дека забавата завршила во исто време кога зачекориле во светот на возрасните.

Емпатија е задолжителен предмет во оваа земја која е меѓу најсреќните во светот

Можеби најтажен податок е информацијата дека десет проценти од испитаниците признале дека не прават ништо што ги радува во текот на целата недела. Немаат пари за тоа, немаат енергија или едноставно не знаат како да се забавуваат.

„Возрасните луѓе лесно паѓаат во нивната дневна рутина и забораваат да го искористат времето надвор за забава“, вели психоаналитичарот Стив МекЕвен.

Изнајмете Финец и научете да бидете среќни

Loading...

Како што објаснува тој, многумина не знаат како повторно да започнат да се забавуваат, а одговорот на ова прашање всушност може да биде многу едноставен.

„Поминувајте повеќе време со вашите најблиски. Покрај психолошките придобивки, вклучително и намалениот стрес и зголемената среќа, трошењето време со семејството е одличен начин да се врати тоа чувство на детска забава во вашиот живот”, предлага тој.

Колку треба да заработувате за да бидете среќни?

Исто така, дури 83 проценти од испитаниците се согласуваат дека имаат повеќе забава во друштво на деца отколку возрасни.

„Поради нивната фантазија и способноста да не се грижат за тоа што ќе мислат другите луѓе, на децата им е полесно да се препуштат во забавната страна на животот“, истакнува МекЕван.

Колку се среќни луѓето на Балканот?

Затоа, ако сакате брзо да ја вратите среќата во животот, експертите ве советуваат да гледате детски филм или да танцувате како никој да не ве гледа.

Leave a Reply