Емпатија е задолжителен предмет во оваа земја која е меѓу најсреќните во светот

Сподели со своите пријатели

Данска официјално е најсреќната земја во светот, според извештајот на Обединетите нации кои од 2012 година го „мерат“ присуството на среќа во 155 земји во светот. Веќе неколку години по ред, земјата е на самиот врв на листата најсреќни и најдобри земји во светски размери.

Loading...

Фактот дека учењето емпатија е еден од задолжителните предмети во данските училишта од 1993 година, меѓу другото ги објаснува овие пофални резултати.

Емпатијата помага во изградбата на односите со другите луѓе, неутрализира малтретирање и потикнува успех во работата, а исто така го промовира развојот на лидерство, претприемништво и менаџирање.

Истражувањата покажале дека сочувствителните тинејџери имаат тендеција да бидат поуспешни затоа што повеќе се насочени кон реализација на поставените цели во однос на нивните нарцисоидни врсници.

Во данските училишта еден час неделно е предвиден за часовите по емпатија кои ги посетуваат ученици од 6 до 16 години. Тоа е еден од основните елементи на данскиот училиштен систем.

Данците сметаат дека тој еден час подеднакво е важен како и часовите по математика или англиски јазик.

Овие часови служат за да учениците можат да разговараат за проблемите кои ги мачат, без оглед дали се врзани за училиштето или не, а остатокот од одделението заедно со рпофесорот се обидува да пронајде разумно решавање и така да пружи поддршка.

Ако нема проблем кој треба да се реши, учениците часот го користат за нешто што во Данска се вика „хига“. Не постои буквален превод за тој термин, но би можело да се каже дека станува збор за намерно создадена, топла и пријателска атмосфера.

Loading...

Данска е земја во која порано паѓа мрак и во која има доста врнежи, па „хите“ е одличен начин за зачувување на доброто расположение и во текот на дождовните и магловити денови. Всушност, тоа е одличен концепт на данското чувство на благосостојба.

„Хиге“ се повеќе е препознаен и надвор од границите на Данска. Имено, на „Амазон“ постојат 900 книги кои се занимаваат со овој феномен, додека Инстаграм има нешто околу три милиони постови посветени на истата тема.

Американската психологиња Џесика Александер во соработка со еден дански психотерапевт спровела истражување за тоа како Данците ги учат децата за емпатијата, а резултатите од истото ги преточила во книга која е преведена на повеќе од 20 јазици.

Еден од главмите методи е тимската работа, благодарение на која се завршуваат барем 60 отсто од училишните обврски. Не е поентата да ги надминете останатите со своето знаење, туку да учите за грижата за останатите.

Учениците се натпреваруваат самите себе, а не со останатите. Затоа данските училишта немаат обичај најдобрите да ги наградуваат, за да не создадат конкуренција. На тој начин децата во најрана возраст се учат дека не можат се сами и дека поради подобри резултати неопходно е меѓусебното помагање.

– Многу истражувања покажуваат дека ако нешто знаете, ќе го знаете уште подобро кога некому ќе му покажете како и тој да го знае, во што вие веќе добро сте упатени, вели Александер и додава дека низ тимската работа децата најлесно сочувствуваат.

Посетувањето часови по овој предмет на данските деца им причинува големо задоволство, а воедно ги подготвува за светот на возрасните, пишува „Морнинг фјучр“.

Leave a Reply