Изнајмете Финец и научете да бидете среќни

Сподели со своите пријатели

Обиединетите нации повторно ја прогласија Финска за најсреќна земја во светот, затоа што целото општество е уредено според потребите на граѓаните. Група Финци одлучила да започне акција да ги научи и другите да бидат среќни.

Loading...

И покрај острата клима и недостатокот на сонце, скандинавските земји се секогаш на врвот на листата најсреќни на планетата. Според најновиот извештај на Обединетите нации, втор пат по ред Финска е на првото место.

Финците имаат висок стандард, здравството е бесплатно, образовниот систем е меѓу најдобрите во светот. Многу се задоволни од економијата, безбедноста, социјалниот систем. Сите служби и услуги им се лесно достапни.

Финците знаат во што е тајната на среќата и одлучиле тоа да го споделат со другите. За да среќата ја извезат во остатокот од светот, започнале проект „Изнајми Финец“.

Ги повикале сите кои сакаат да патуваат во Финска и да поминат некое време со водичите за среќа.

Конкурсот трае до 14 април, а заинтересираните треба да испратат видео-клип од три минути во кој ќе се претстават. Потоа на сајтот rentafinn.com потребно е да пополнат формулар.

Оние кои ќе бидат избрани, на лето ќе патуваат во Финска на трошок на своите домаќини. Ќе имаат среќа за неа да учат токму од најдобрите.

Творците на проектот тврдат дека покрај тоа што властите напорно работат на тоа да ги направат сите граѓани среќн, тајната е во поврзаноста со природата. Како што останатите одат на терапија, Финците ќе ги обујат чизмите и ќе заминат во природа.

Loading...

Leave a Reply