Стево Пендаровски подобро котира во Липково

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои повеќе гласови во Липково од противкандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова.

Loading...

Според досега обработени 77,78 отсто од гласачките места, ДИК објави дека Пендаровски во оваа општина освоил 43,99 отст од гласовите, односно 575 гласови.

Сиљановска-Давкова добила 24,48 отсто од гласовите, односно 320 гласови.

Липково денеска имаше рекордно мала излезност на претседателските избори, поради тивкиот бојкот на кој повика ДУИ.

Гласале само 1.307 лица, од вкупно 26.024 лица со право на глас. Излезноста беше скромни 6,71 отсто.

Никола Ивановски