Првични резултати од парламентарните избори во Куманово

Сподели со своите пријатели

Објавени се првични резултати од денешните парламентарни избори во Куманово.

Loading...

Според информациите од партиските штабови засега води коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со блага предност пред Движење ЗНАМ – За наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Партиските избори велат дека досега ВМРО-ДПМНЕ има 6.333 гласови, ЗНАМ – За наша Македонија има 4.255 гласови, СДСМ има 3.163, а ДУИ 1.712.

Сепак ова не се целосни и се првични неофицијални резулатати.

Државната изборна комисија како и обично доцни зад партиите. Обработиле 57 избирачки места, односно 38,26 отсто од гласовите, односно вкупно се обработени 32,99 отсто од гласовите.

Според ДИК, водство има коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 24,52 отсто од гласовите или 3.783 гласови.

Следува ДУИ со 3.250 гласови, односно 21,07 отсто, потоа е ЗНАМ – За наша Македонија со 2.588 гласови или 16,78 отсто.

Коалицијата ВЛЕН освоила 2.584 гласови или 16,75 отсто.

Loading...

Дури потоа следува СДСМ со 1.948 гласови со 12,63 отсто од вкупната бројка.

Како изгледа целосната слика според ДИК засега може да погледнете во продолжение: