Снимки од новиот силен земјотрес во Турција: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди денеска Турција. Според турските медиуми, епицентарот на земјотресот бил во областа Малатија, град кој во голема мера беше уништен од разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари годинава.

Loading...

На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат видеа од последниот земјотрес.

 

 

На видеата може да се види како се тресе, а во едно видео во позадина се слушаат гласовите на исплашените луѓе.

На видеото е прикажана панорама на градот, а кога почнува земјотресот, на места почнува да се крева прашина, што отвора сомнеж дека некои претходно оштетени објекти се урнати.

 

Loading...

 

Некои медиуми јавуваат дека има материјална штета, но сѐ уште ништо официјално не е потврдено.

На едно од видеата се гледаат голем број луѓе кои излегле надвор кога почнал земјотресот, а се слушаат и пожарни сирени.

 

 

На второто видео се гледа внатрешноста на стан, а што се случило кога почнал земјотресот, го снимила надзорна камера. Мебелот се затресе, а лустерот се заниша. Се слушна силен татнеж, а некои предмети како паѓаат.

Loading...

Жителите од овој дел на Турција пријавиле дека почувствувале земјотрес и дека „добро се тресе“, а земјотресот се почувствувал и во Сирија.

 

 

Според последните информации едно лице загинало, а околу шеестина се повредени во овој потрес.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.