Снимател на Би-Би-Си исфрлен затоа што се обидел да сними таен дел од крунисувањето

Сподели со своите пријатели

Снимател на Би-Би-Си, наводно, бил исфрлен од крунисувањето на кралот Чарлс затоа што се обидел да го сними „најсветиот дел“ од настанот – помазанието на кралот – за време на пробата на церемонијата, им открил високо позициониран извор на британскиот „Сан“.

Loading...

Како што пренесува Index.hr, кралот со аголот на окото видел видеограф како тајно го снима светото помазание на пробата одржана еден ден пред крунисувањето.

Тајно го снимил светиот чин

Како што пишуваат британските медиуми, камерманот залутал од местото кое официјално му било доделено, па мобилниот телефон го вперил кон кралот кој бил внатре во преградата каде што се случува светиот чин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

„Чарлс забележа камерман кој се обидува да го сними за време на најчувствителниот дел од церемонијата. Момчето на Би-Би-Си изгледаше немирно додека демнеше. Имаше привилегирано место во опатијата“, открива изворот.

Обезбедувањето веднаш интервенирало, а видеографот бил суспендиран од работа.

Ја искинал акредитацијата

Според изворите, водителот на Би-Би-Си потоа на лице место ја искинал акредитацијата на камерманот, нарекувајќи го неговиот потег „понижувачки гаф“.

„Ова беше понижувачко за Би-Би-Си и сите се шокирани. Крајно неодговорно е секој новинар да ја напушти функцијата во такви околности. Длабоко е вознемирувачки што мислеше дека се обидува да ги долови тие драгоцени моменти кои намерно беа скриени од очите на јавноста“, објаснува изворот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Најсветиот дел од церемонијата

Да потсетиме, помазанието на владетелот со масло е најсветиот дел од крунисувањето, па токму затоа овој чин е сокриен од очите на јавноста.

Loading...

Помазанието на покојната кралица Елизабета Втора, исто така, беше скриено од очите на јавноста, а на крунисувањето на кралот Чарлс беше користен параван за да остане скриен од очите во тој свет чин.