Слоновите ќе патуваат 1.500 километри во потрага по помирно опкружување

Сподели со своите пријатели

Произведувачот на дијаманти „Де Берс“ соопшти дека ќе префрли 200 слонови од својот приватен резерват во Јужноафриканската Република  во соседната држава Мозамбик, за да се обнови тој животински вид кој е погоден од тамошниот конфликт.

Слоновите ќе преминат пат долг 1.500 километри до Националниот парк „Зинава“ во Мозамбик, кој се протега на површина од 400.000 хектари, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Сиропатилиште“ за слонови стана светска атракција за туристите

Loading...

Моментално слоновите се наоѓаат во резерватот „Венетиа Лимпопо“ на површина од 32.000 хектари кои можат да прифатат 60 слонови, а ги има дури 270.

Со тоа сериозно е загрозен еко-системот кој одржува разновидност на популацијата дивеч, наведува фондацијата „Паркови на мирот“, која ќе го организира префрлањето на слоновите.

Бидејќи слоновите се исклучително друштвени суштества „семејните групи“ ќе останат заедно во текот на префрлањето на друго место, наведува фондацијата.

Leave a Reply