„Сиропатилиште“ за слонови стана светска атракција за туристите

Сподели со своите пријатели

Сиропатилиште за бебиња слонови кои останале без родители го ставија селото Пинавалу од Шри Ланка на мапата туристички атракции на земјата. Ова се несекојдневни прифатилишта, а основано е во 1984 година за да се згрижат напуштените слонови пронајдени во џунглите во Шри Ланка.

Во самиот почеток, како што раскажува водичот на резерватот за Танјуг, во сиропатиштето биле сместени пет слонови, а сега ги има над 70.

Додава дека, во изминатите повеќе од три децении од отварањето, прифатилиштето исто така добило 70 принови, односно бебиња слонови родени во резерватот.

 

Loading...

 

Секој ден во резерватот се трошат околу 17,5 тони храна, различни растенија, а малите слонови пијат исклучително млето и пет пати дневно по литар.

Водичите на капење ги водат во блиската река, а иако не се тренирани, многу се поспушти затоа што кога одат на капење минуваат низ туристичката зона и никогаш немало проблеми.

Целта на сиропатиштето е да симулира природно живеалиште за слоновите, а сите бебиња слонови, помали од три годни, волонтерите и натаму ќе ги хранат од шише.

 

 

Резерватот е многу популарен и секојдневно го посетуваат многу домашни и странски туристи. Главната атракција е набљудување на капењето на слоновите.

Населбата Пинавала е северозападно од градот Кегала, односно некаде на половина пат помеѓу сегашниот главен град Коломба и кандија.

Leave a Reply