Штети на земјоделско земјиште во кумановско, нема опасност од излевање на реките (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нема опасност од излевање на реките во кумановско по вчерашните интезивни врнежи од дожд кои беа проследени со силни електрични празнења и град, штети според првичните пријави се предизвикани само на земјоделско земјиште.

Loading...

– Врнежите моментално немат влијание врз речните корита и водотеците, тие можат да акумулират дополнителна количина на вода. Но, суводолните и каналите нормално дека се полни, но не прелеваат, стои во денешниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.

Поројниот дожд што вчера во попладневните часови го зафати Куманово и околината предизвика поплавување на дел од улиците, со оглед дека големата количина вода не можеше веднаш да биде апсорбирана од атмосферската канализација.

 

 

Според информациите на РЦУК, поплавени вчера биле булеварот „Октомвриска Револуција“, улиците „Доне Божинов“, „Никола Тесла“, „Бајрам Шабани“, „Мирче Ацев“ и други помали (споредни) улици кои имат тесни канализациски канали.

Веднаш на терен излегоа екипите на јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, кои со асистенција на екипи од Секторот за внатрешни работи интервенираа на спорните точки.

Loading...

Сепак, во околината на Куманово голем број села беа погодени од невреме со град.

 

 

Селата Табановце, Четирце, Куљан, Речица, Режановце, Рамановце и повеќе села во Старо Нагоричане, претрпеа штети од градот, а тоа го покажува и оваа снимка што до нашата редакција ја испратија мештани на селото Челопек.

 

Село Челопек, Општина Старо Нагоричане

 

Последиците од невремето се санирани, вели раководителот на РЦУК Горан Стојановски, но сепак, повторно се очекува нестабилно време.

Loading...

– Нормално екипите на Водовод излегоа и санираа голем дел од одводите и атмосферската канализација. Во моментот е чисто, но согласно хидрометеоролошката анализа очекуваме исто така лошо време, во текот на денешниот ден со мала разлика помал обем на падавини на дожд, изјави Стојановски.

Пријави за штети до нив пристигнале за земјоделско земјиште, но не и за индивидуални и колективни објекти за домување.

 

Село Ругинце, Општина Старо Нагоричане

 

Поради невремето во попладневните часови голем дел од селата останаа и без електрична енергија како: Романовце, Брзак, Агино Село, Табановце, Војнович, Сопот, Горно и Долно Коњаре, Челопек, Гулиновац, Пелинце, Враготурце, Муталово, Алгуња, Никуљане и Четирце.

Врнежи од дожд и електрични празнења имаше и денеска во утринските часови, но со далеку послаб интензитет.

Никола Ивановски

Leave a Reply