Шпанија издаде црвени временски предупредувања за снег и немирно море

Сподели со своите пријатели

Бурата Жерар со обилни дождови, снег, ветер и разбранувано море во Шпанија полека се претвора во нов систем на бура наречен Фајен чие пристигнување и развој се очекуваат денеска и утре.

Loading...

Во комбинација со антициклонот на Азорите, системот за бура Фајен ќе создаде коридор на влажни и силни ветрови од север и северозапад, што ќе ја засили оваа бура, изјави Рубен дел Кампо, портпарол на Државната метеоролошка агенција (Аемет), пренесува мадридскиот дневен весник Паис.

Цела Шпанија, освен Канарските Острови и Екстремадура, останува во состојба на готовност и по завршувањето на бурата Жерард, со нов, црвен метео-аларм кој укажува на највисоко ниво на тревога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета

Овие предупредувања се издадени за областите на Пиринеите на Хуеска и А Коруња поради немирното море, со бранови до девет метри.

Дополнително, издадени се портокалови временски предупредувања, пониско ниво на тревога за снежни врнежи во Леон, Замора, Луго, Оренсе, Астурија и Кантабрија и за ветровити во Галиција, Кантабрија, Кастиља, Леон, Валенсијанската заедница, Андалусија, Балеарските Острови, Кастиља – Ла Манча, Мурсија, Баскија и Риоха.

Поради морските бури долж бреговите на Кантабрија и Балеарските острови, како и во Жирона, Алмерија и Гранада, издадени се и портокалови временски предупредувања.

Во понеделникот во Естаса де Барес (Коруња) беа измерени удари на ветер до 147 километри на час, во Цернеро (Хуеска) минимални температури од -9 степени Целзиусови и во Фолгосо до Курело (Луго) наврнаа 138 литри дожд на метар квадратен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Утрово е пронајдено безживотно тело на 80-годишен старец, чие исчезнување било пријавено вчера во Берме (Бизкаја).

Loading...

На патиштата во Баскија имало 88 несреќи предизвикани од паѓање на дрвја и големи барички со вода на патиштата, колапс на пат е пријавен во општината Виламартин де Валдеорас (Оренсе), а во Сан Висенте де Леира и О Робледа 40 жители беа изолирани.