Првични резултати за претседателските избори во Куманово

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за исходот од претседателските избори во Куманово.

Loading...

Според 14,97 отсто обработени избирачки места, односно 12,13 отсто од гласовите, блага предност има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова со 55,14 отсто или 1.792 гласови.

Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски според првичните резултати има 36,25 отсто од гласовите или вкупно 1.178 гласови.

Ова се сепак првични резултати и состојбата допрва ќе се менува, со оглед дека се обработени мал број избирачки места каде има помалку гласачи.

Наскоро и првите резултати од парламентарните избори.

Никола Ивановски