Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Сподели со своите пријатели

Минатата година рекордни 30 отсто од електричната енергија во светот се произведени од обновливи извори, објави центарот за енергетска аналитика „Ембер“ во последниот извештај од мај.

Loading...

Во извештајот се вели дека бројките за 2023 година доаѓаат од 80 земји кои претставуваат 92 отсто од глобалната побарувачка на енергија.

Сончевата и ветерната енергија сега произведуваат 13 отсто од електричната енергија во светот, а овој процент е повеќе од двојно зголемен од 2015 година, кога беше потпишан Парискиот договор за климатски промени, истакнува организацијата со седиште во Британија.

Интензитетот на глобалното производство на емисии на јаглерод диоксид во 2023 година беше за 12 отсто помал од рекордните вредности од 2007 година.

Фосилните горива сè уште обезбедуваат 61 отсто од светската електрична енергија, а најголемиот дел од светската енергија се уште се произведува од јаглен, истакнува Ember на својата веб-страница.

Организацијата Ember очекува Кина и светот како целина да забележат пад на производството на енергија од фосилни горива во 2024 година.

Глобалната цел е вкупно 60 отсто од електричната енергија да се произведува од обновливи извори до 2030 година, се заклучува во извештајот.