Шолц: Германија ќе ја поддржува Украина силно и се додека е потребно

Сподели со своите пријатели

Германија ќе ја поддржува Украина силно и онолку долго колку што е потребно, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по повод годишнината од рускиот напад врз Украина.

Loading...

Германската влада ќе направи се што може војната меѓу Русија и НАТО да не ескалира, рече Шолц.

Шолц во видео порака истакна дека решителноста и храброста на Украинците во одбраната на својата слобода ги импресионира сојузниците, пренесе Ројтерс.

Германскиот канцелар потсети дека германската помош за Украина, финансиска, хуманитарна и воена, досега изнесува повеќе од 14 милијарди евра.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.