Шојгу се обидува да го стави „Вагнер“ под своја команда, Пригожин одбива

Сподели со своите пријатели

Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин изјави дека членовите на таа група нема да потпишат никаков договор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, со што ги отфрли обидите на министерството да го стави „Вагнер“ под своја надлежност.

Loading...

Пригожин рече дека „Вагнер“ е целосно подреден на интересите на Русија, но дека, како што наведе, високоефикасната командна структура на групата би била поткопана доколку таа биде подредена на Шојгу.

„Шојгу не може правилно да управува со воените формации“, истакна Пригожин.

Тој рече дека министерството би можело да го искористи неисполнувањето на наредбата како причина да ги конфискува залихите на оружје и муниција на Вагнер, објави Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека Шојгу им наредил на сите „доброволни одреди“ да потпишат договори со министерството до крајот на месецот, чекор што според него ќе ја зголеми ефикасноста на руската војска.

„Со ова на волонтерските формации ќе им се даде потребниот правен статус“, велат од Министерството.

Мерките ќе ги зголемат борбените способности и ефикасноста на вооружените сили и доброволните единици, изјави заменик министерот за одбрана Николај Панков.

„Вагнер“ го освои украинскиот град Бахмут во мај по повеќемесечна битка во која загинаа десетици илјади луѓе. На 1 јуни градот бил предаден на управата на редовната руска армија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.