Шојгу: Ова е вистинската цел на Западот во Украина

Сподели со своите пријатели

Откако руските проектили убија најмалку шест лица низ Украина во текот на ноќта и утринава, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека „вистинската цел на западните сојузници во Украина е да ѝ нанесат стратешки пораз“ на Русија.

Loading...

Како што јави руската режимска новинска агенција РИА, Шојгу исто така рече дека „Западот и се заканува на Кина“ и дека сака „да ја задржи својата монополска позиција“.

„Речиси сите членки на НАТО ги користат своите воени капацитети против Русија“, рече Шојгу.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.