Шекеринска вечерва на панел дискусија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерката за одбрана и заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска вечерва ќе биде говорник на панел дискусија на тема „Република Северна Македонија во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“ која ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет со почеток во 19 часот.

Loading...

Покрај Шекеринска на панел дискусијата ќе се обрати и амбасадорката на Црна Гора во РСМ, Марија Петровиќ.

Дискусијата е дел од НАТО караванот кој има за цел да ја доближи Алијансата до граѓаните, а за таа цел претходно со почеток во 11 часот на тема „Учиме за НАТО“ ќе дебатираат и матурантите од градот заедно со предавачот Елмас Хасановиќ.

Leave a Reply