Шефот на Вагнер го исмева рускиот министер за одбрана: Дојди во Бахмут, имаш големо воено искуство

Сподели со своите пријатели

Конфликтот меѓу Евгениј Пригожин, шеф на озлогласената руска приватна платеничка компанија „Вагнер“ и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу продолжува.

Loading...

Пригожин со недели се жали дека руското Министерство за одбрана не доставува доволно муниција на неговите платеници, кои со месеци се обидуваат да го заземат украинскиот град Бахмут.

Денес, сепак, објави писмо во кое цинично го повикува Шојгу да го посети Бахмут.

Што пишува во писмото?

„Почитуван Сергеј Кужугетович,

Во моментов, единиците на приватната воена компанија Вагнер контролираат повеќе од 95% од населбата Бахмут и продолжуваат со офанзивните операции со цел целосно ослободување.

На крилата на Вагнер, каде што се наоѓаат силите на вооружените сили на Руската Федерација, непријателот започна серија успешни контранапади.

Имајќи ја предвид моменталната тешка оперативна ситуација, како и вашето долгогодишно искуство во борбени операции, ве повикувам да дојдете на територијата на Бахмут, која е под контрола на паравоените сили на Руската Федерација, и самостојно да ја процените сегашната ситуација.

Однапред ви благодарам, ја очекувам вашата согласност“, се вели во писмото до рускиот министер што Пригожин го објави денеска.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.