Шефот на НАТО за Косово: Нашите сили се подготвени

Сподели со своите пријатели

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во интервју за Франс 24, ја коментираше ситуацијата на украинскиот фронт и тензиите што ескалираа на Косово во последните денови.

Loading...

Столтенберг предупреди дека секоја употреба на нуклеарно оружје во Украина ќе има „тешки, драматични последици за Русија“, нарекувајќи ја нуклеарната реторика на рускиот претседател Владимир Путин „непромислена и опасна“.

Сепак, шефот на НАТО смета дека „веројатноста за каква било употреба на нуклеарно оружје во Украина од страна на Русија останува мала“.

Тој ја нарече руската стратегија за таргетирање на енергетската инфраструктура на Украина „брутален облик на војување“ и „начин зимата да се претвори во оружје“, но повтори дека и покрај тоа, тој е сигурен дека Украинците ќе продолжат да пружаат отпор.

Тој зборуваше и за влезот на двете нордиски земји во воен сојуз.

„Убеден сум дека сите сојузници во НАТО, вклучително и Турција, ќе го ратификуваат членството на Финска и Шведска. Нема да погодувам кога. Веќе е незамисливо ако Русите нападнат врз нив, НАТО да нема да реагира“, посочи тој. .

„Со големо внимание ја следиме ситуацијата во Косово“

Генералниот секретар на НАТО потоа се осврна на тензиите меѓу Косово и Србија.

„НАТО е многу фокусиран на Косово, на Западен Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да се запрат две етнички војни. Прво во Босна и Херцеговина, а подоцна и на Косово. Се разбира, ние сè уште сме присутни таму, силите на КФОР се повеќе од 4 илјади војници и имаат клучна улога во стабилизирање на ситуацијата“, рече тој.

Loading...

„Нашите сили се способни и подготвени, но и на внимателност. Со големо внимание ја следат ситуацијата. НАТО и ЕУ соработуваат многу тесно, а мојата порака до двете страни е да се воздржат од дополнителни ескалации и провокативна реторика. Ги повикувам да се намалат тензиите во Косово“, додаде Столтенберг.