Севернокорејски медиуми: Ким ѝ наредил на армијата да ги забрза подготовките за војна

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и нареди на армијата, индустријата за муниција и секторот за нуклеарно оружје да ги забрзаат воените подготовки за да се спротивстават на „невидените конфронтирачки потези на САД“, објавија севернокорејските државни медиуми.

Loading...

Деветтиот пленарен состанок на Осмиот Централен комитет на Работничката партија на Кореја започна во вторникот до крајот на годината во која изолираниот Север ја внесе нуклеарната политика во својот устав, лансираше шпионски сателит и истрела нова интерконтинентална балистичка ракета, објави Ројтерс.

Економски цели за следната година

Ким нагласи дека Северна Кореја ќе ја продолжи соработката со „антиимперијалистичките земји“, вклучувајќи ја и Русија, додека Вашингтон го обвинува Пјонгјанг дека обезбедува оружје што и помага на Русија во конфликтот во Украина.

Севернокорејскиот лидер ги наведе и економските цели за следната година, нарекувајќи ја „одлучувачка година“ за постигнување на петгодишниот план за развој на земјата.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.