Русите ја гранатираа Одеса со проектил кој патувал со 3.000 километри на час

Сподели со своите пријатели

Утринава руската армија го таргетирала регионот Одеса и најверојатно со ракета „Оникс“ го погодила локалното бродоградилиште, јави украинската агенција Униан.

Loading...

Ракетата „Оникс“ може да достигне брзина и до 3.000 километри на час, а Ројтерс ја пренесува изјавата на гувернерот на Одеса Олех Кипер дека во нападот се ранети две лица.

Според портпаролот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Јуриј Игнат, Руската Федерација би можела да употреби балистичко оружје за напад на регионот.

„Балистичка ракета, ако е лансирана од територијата на Крим, на пример, лета доста кратко време. Од лансирање до пристигнување, тоа е прашање на минути, разберете го тоа. Всушност, ова штотуку се случи… Беше објавено дека имало експлозии, ќе чекаме извештаи од локалните власти за тоа каков вид на оружје е употребено“, рече тој, пренесе украинската новинска агенција Униан.

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко на Телеграм изјави дека врз Одеса биле истрелани шест проектили „Оникс“.

„Нападната е и фабрика за поправка на бродови во близина на Одеса“, напиша тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.