Русија: „Украина не може да не порази, а САД упорно им даваат оружје и пари за да гинат“

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија е подготвена да преговара со Соединетите Американски Држави, но само под свои услови.

Loading...

Песков, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да работи со секој кој ја разбира потребата да се земе предвид загриженоста на Русија.

„САД разбираат дека Украина не може да победи во вооружениот конфликт со Русија“, рече Песков.

„Вие (САД) им кажувате одете и умрете. Не грижете се, ќе ви дадеме доволно пари и доволно оружје, но вие мора да одите и да умрете. А вие добро знаете дека тие не можат да победат“, рече Песков.

Песков го повика Вашингтон да ја сфати својата одговорност за продолжување на конфликтот со пренесување воена и финансиска помош за Киев.

Тој изјави дека Америка е силно вклучена во оваа конфронтација.

Песков нагласи дека украинскиот конфликт е хибридна војна меѓу САД и Русија. Тој додаде дека дури и да продолжи поддршката од Западот, Украина никогаш нема да може да се израмни со рускиот воен и економски потенцијал, а тоа го прави отпорот залуден.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...