Русија: Радија и телевизии емитуваат лажни тревоги за воздушни напади по сајбер напад

Сподели со своите пријатели

Неколку „лажни“ предупредувања за воздушен напад беа издадени на радио и телевизиски станици Рур кои беа цел на сајбер напади, соопштија денеска властите.

Loading...

„По хакирањето на радио и телевизиските сервери на станиците во некои региони на земјата беа објавени информации кои укажуваат на воздушна тревога“, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, наведувајќи дека тие објави се „лажни“ и не соодветствуваат со реалноста.

Според руските медиуми, овие лажни аларми биле издадени во регионите Белгород и Воронеж, кои граничат со Украина, како и во Москва и Санкт Петербург, како и на анектираниот полуостров Крим.

Сличен кибер напад што доведе до тревога за повеќе лажни воздушни напади низ Русија веќе се случи минатата недела, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Според руските новински агенции, секој пат кога овие сајбер напади ги погодувале само приватните радио и телевизиски станици чии предаватели накратко биле обземени од посилен сигнал.

Овие инциденти, според Франс прес, се случуваат веднаш по првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Населбите и инфраструктурата во руските области кои се граничат со Украина постојано беа цел на напади со беспилотни летала, често смртоносни, кои Москва и ги припишува на украинската војска.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...