Русија најави „огромни промени“ во армијата

Сподели со своите пријатели

„Големи реформи во составот и администрацијата на руските вооружени сили ќе се случат во следните три години“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Тврдат дека со измените бројот на воениот персонал ќе се зголеми на 1,5 милиони.

„Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили е можно да се гарантира воената безбедност на државата и да се заштитат новите субјекти и критичните објекти на Руската Федерација“, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Институтот за проучување на војната претходно објави дека Москва најверојатно се подготвува да се обиде да стави крај на „низата оперативни успеси на Украина и да ја врати иницијативата“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека промените се неопходни поради „војната што во Украина ја води Западот“, кој испраќа се повеќе тешко оружје во Украина за да и помогне да се спротивстави на руските сили.

Шојгу ги посети војниците во Украина

Да потсетиме, Шојгу денеска ги посети војниците вклучени во војната во Украина.

Сергеј Шојгу им се заблагодари на војниците кои храбро ги извршуваат задачите во зоната на специјални воени операции и им додели државни награди за пожртвуваност и херојство“, соопшти Министерството за одбрана.

Се вели дека тој го посетил штабот на баталјонот Восток, кој дејствува во источниот украински регион Донбас.

Loading...

Патувањето на Шојгу следи по минатонеделното поместување во руското воено раководство, во кое началникот на Генералштабот Валери Герасимов беше именуван за командант на војната во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.