Русија: Министерот за одбрана денеска беше во окупираниот дел на Украина

Сподели со своите пријатели

Руската режимска новинска агенција ТАСС тврди дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска пристигнал да изврши увид во штабот во украинскиот регион Запорожје, кој делумно е под окупација на руските сили.

Loading...

Минатата година рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи Запорожје и уште три делумно окупирани украински региони (Керсон, Доњецк и Луганск) за дел од Русија.

Руското Министерство за одбрана објави и видео од посетата, каде делови од позадината се заматени, а другите делови немаат звук.

Руското Министерство за одбрана тврди дека Шојгу го слушал извештајот на командантот на воената група Восток и штабните офицери во Запорожје.

„Тие го информираа за моменталната ситуација, природата на дејствијата на непријателот и извршувањето на борбените задачи на руската армија во главната тактичка област“, ​​се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Во просториите на воениот штаб, рускиот министер за одбрана одржа средба со командантот на групата, на која беше истакната поголемата ефикасност во идентификацијата и уништувањето на воената опрема и концентрацијата на непријателски персонал“, се вели во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.